www.stepandgo.com.mk

Замена и рефундација на производи

ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА/РЕФУНДАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ

Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да го замените истиот за друга големина или друг производ за ист или повисок износ или сепак сте се одлучиле за враќање на производот и рефундација на средства, Ве молиме да не исконтактирате на телефонските броеви 070 259 785  или  071 277 011 да ни испратите е-маил на webshop@stepandgo.mk. За замена на производ, Ве молиме исконтактирајте не со потребните информации, односно со број на фактура, шифра и величина на производот кој сакате да го замените и шифрата и величината на производот за кој сакате да се изврши замена на иницијалниот производ. Дополнително, за рефундација на средства, доколку сте платиле во готово на курир при достава, покрај бројот на фактура и шифра на производот кој е за враќање, потребно е да ни ја пишете и Вашата трансакциска сметка со цел успешно да се изврши повратот на средства, во спротивно ако Вашата нарачка е платена со картичка, рефундацијата ќе се изврши на картичката со која што сте платиле.

*Напомена: Рефундацијата за нарачки кои се платени со картичка се врши во рок од 5 до 7 работни дена откако производот ќе се врати во нашата продавница.

Замените и рефундациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка замена или рефундација на средства во нашите продавници. Производите се заменуваат и рефундираат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, да не е перен, да не е носен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија и фактура.

По приемот на барањето за замена или рефундација, агентите од корисничка поддршка на СТЕП АНД ГО ја  известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од Вашата адреса и да го врати во нашата продавница. Производите пред да се предадат на курир треба да се спакувани според насоките од агентите за корисничка поддршка, зошто во спротивно може да дојде до пролонгирање на рокот за замена или рефундација, дури во некои случаи и до изгубени производи.

Откако производот ќе се врати во продавница, добивате известување на Вашиот е-маил дека истиот е вратен и се утврдува дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот или истиот не е вратен во оргиналното пакување, ќе биде одбиена замената или рефундацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Во спротивно доколку производот е во исправна состојба и во оргиналното пакување, ќе се активира заменската нарачка или ќе се изврши рефундација на средства.

РОК ЗА ЗАМЕНА И РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Рокот за рефундација на средства или замена на производ е 14 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот.

 

ТРОШОЦИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Доколку во случај на враќање на производ се одлучите за опцијата курир да Ве исконтактира и да го преземе производот од Вашата адреса, трошокот за враќање изнесува 150 денари со вклучен ддв. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.

 

0